Како да пливате со ајкули – Харви Мекеј

И ВИЕ МОЖЕТЕ ДА УСПЕЕТЕ А како, тоа ќе го дознаете од овој практичен прирачник на Харви Мекеј, човекот што успеал да стане милионер. Ќе го научите следново: Како да продадете побрзо и повеќе така што ќе допрете до луѓето што немаат ни најмала желба да се сретнат со вас, а потоа ќе ги натерате да бидат среќни поради тоа што рекле „Да!” Како да се организирате подобро и да раководите така што ќе се вооружите со информации за деловните можности, клиентите и конкуренцијата - за кои би ви завидувала и ЦИА - користејќи го системот Мекеј 66™. Како да се мотивирате користејќи ги неговите сознанија што ќе ви помогнат вам или на вашите деца да и се придружите на групата на милионери. Како да победите во преговорите така што ќе дознаете кога да се „насмевнете и да речете не”, а кога да „го пратите својот клон”“. Единствена книга на деловната легенда, што ќе ви покаже како и вие да успеете во работата како што успеа тој! „Прекрасно напишано, духовито, ќе ве закове за столот... Најдобрата книга за тоа како да ја постигнете целта уште од времето кога Дејл Карнеги го напишал своето ремек-дело.” - Ворен Бенис, коавтор на “Лидер”“ „Кога почнав да ги читам лекциите на Харви Мекеј, веќе не се одвојував од книгата. Лекциите се јасни, конкретни и применливи во практика. Ова ќе стане задолжително четиво за сите раководители во компанијата 'Есте Лодер'. Така ќе мочеме да пливаме пред другите. “ - Леонард Лодер Претседател и генерален директор на компанијата “Есте Лодер” „Искрениот ентузијазам на Харви Мекеј претставува освежување во однос на ставот на огромен број денешни американски бизнисмени, што се раководат од принципот 'целта ги оправдува средствата'. Ни останува надежта дека позитивниот став што го краси Харви ќе преовладее во иднината. “ - Роберт Редфорд „Харви има дар да изрази некои многу мудри и важни забележувања на забавен и интересен наќин. Сериозните студенти по менаџмент и раководителите можат да научат многу од оваа книга.” - Харви Голуб „Да дадеш добар совет е барем еднакво тешко како и да добиеш добар совет, но Харви Мекеј успеал во двете овие работи. Неговата книга полека не води до точката кога ќе речеме: 'Се разбира! Тоа е јасно! И јас мислам така!' - што е одлика на извонреден учител.” - Рој Менинxер Претседател на Фондацијата Менинxер „Да го прочитате 'Водич до успехот' од Харви Мекеј значи да го запознаете Харви. Тој ќе ви пренесе се што знае - лично нема да се колебам ни минута да го прифатам неговиот совет.”“ - Чарлс Шваб „На сите што се подготвени да ги научат правилата - и да се придржуваат кон нив - книгата на Харви Мекеј им го доближува успехот на досег на раката.” - Френ Таркентон „Харви Мекеј веројатно е најталентираниот човек што сум го запознал.” - Лу Холц За авторот Харви Мекај е роден 1932 година во Минесота, СAД. Тој е еден од најпозна - тите и најбараните американски бизнис–предавачи и колумнисти, чиишто колумни се обвјавуваат во дури 52 весника. На 26- годишна возраст Мекај откупи една пропад ната компанија за коверти за од неа да направи бизнис вреден 100 милиони долари, станувајќи еден од најголемите про из во ди тели на коверти во САД. автор е на повеќе книги од кои најпознати се бестселерите Како да пливате со ајкули без да бидете изедени живи и чувајте се од голиот човек кој ви ја нуди својата кошула, книги што Њујорк тајмс ги вброи меѓу 15-те најиспиративни бизнис-изданија на сите времиња. Преведени на повеќе од 40 јазици и со продадени над 10 милиони примероци ширум светот, тие се стекнаа со статусот на апсолутни бестселери. Покрај основаwето на корпорацијата Мекај Енве лоп, тој е и поранешен директор на Санденс институт и Универзитетот во Минесота, како и визитинг професор на повеќе престиж ни универзитети меѓу кои Харвард, Стенфорд и Мичиген.
Достапност: распродадено
ден 400,00

Видете поврзани производи

Клиентите исто купуваат

Магијата на големите соништа – Дејвид Џ. Шварц

Поставете си високи цели...а потоа надминете ги! Над шест милиони луѓе низ светот си го подобрија животот со помош на Магијата на големите соништа. Д-р Дејвид Џ. Шварц, кој долго време го држи приматот на еден од најголемите експерти за мотивација, ќе ви помогне да продавате подобро, да менаџирате подобро, да заработувате повеќе и – што е најважно од сè – да најдете поголема среќа и душевен мир. Магијата на големите соништа ви нуди практични методи, а не само празни ветувања. Д-р Шварц ја открива својата внимателно разработена програма за да го извлечете максимумот од работата, од бракот и семејството, од социјалниот живот... Ви покажува дека не мора да бидете интелектуалец или да имате вроден талент за да постигнете успех и сатисфакција – но мора да ја разберете и да ја стекнете навиката на мислење и однесување што ќе ве одведат до врвот.
ден 450,00

распродадено

Тајни на преговарањето – Дејвид Браун

ТАЈНИтм НАПРЕДУВАЈТЕ СО ДОВЕРЛИВИТЕ ЗНАЕЊА ВО ОВАА КНИГА ТАЈНИТЕ НА ПРЕГОВАРАЊЕТО ШТО ГИ УПОТРЕБУВААТ ЕКСПЕРТИТЕ И ВРВНИТЕ ПРОФЕСИОНАЛЦИ. Постигнете брзи резултати со овој брз и лесен водич низ основите на преговарањето Во оваа книга ќе откриете: Како да ги одредите преговарачките варијабли и пакет-договорите Како да ги одбегнете вообичаените стапици Како да го употребувате и да го толкувате говорот на телото Како да се справите со тешките луѓе Како да постигнете одлични резултати со двојна добивка.
ден 250,00

распродадено

Цели – Брајан Трејси

Базирана на дваесетгодишното истражување и предавања на повеќе од 5 милиони бизнис-лидери ширум светот, оваа книга е синтеза на најдобрите и најпрактичните техники за поставување и постигнување на личните и финансиските цели. Трејси, со консултантско искуство во повеќе од 500 корпорации, меѓу кои IBM, Ford, Xerox, и Hewlett-Packard, ги објаснува клучните елементи за поставување на цели и неопходните чекори за нивно остварување. Своите извонредни размислувања, Трејси ги преточува во практични чекори за иницијатива.
ден 400,00