Како ја изгубив невиноста (автобиографија) - Ричард Брансон

Автобиографија на Ричард Бренсон Вистинска и возбудлива приказна на претприемачот зад империјата „Вирџин“. Ричард Бренсон со свои зборови за својот живот и за личната филозофија на живеење. Кога станува збор за бизнисот, но и за другите нешта, сер Ричард Бренсон има едноставна филозофија: забавувај се најмногу што можеш – дури и ако тоа бара да ги прекршиш сите правила. Тоа е таа филозофија заради која на шеснаесетгодишна возраст се откажал од школувањето, за да го основа револуционерниот магазин „Студент“ (кога му било речено дека од него се очекува да стане или криминалец или милионер), да ја именува музичката компанија „Вирџин“ (со значење девица, како одраз на неговото неискуство во бизнисот), и да ги победи гигантите како „Бритиш ервејс“ и „Кока-кола“, и тоа со нивен чекан по глава. Низ истите години успева да ги издаде некои од најважните албуми во музичката историја, како оние од Секс пистолс, Џенет Џексон и Ролинг стоунс, да урне многу светски рекорди со своите луди авантури и да изгради деловна империја вредна милијарди долари. Ова е неговата приказна, која ја раскажува со свои зборови и е како и сè останато во врска со Бренсон – забава. Автобиографијата на Ричард Бренсон е многу повеќе отколку само збир од записи и мемоари – таа е приказ на неговиот живот и на начинот на работа, кои се сè само не обични. Но, уште поважно, таа е и ултимативен деловен водич што ги открива неговата уникатна филозофија на тргување, извонредниот успех и неговиот живот. „Ве фаќа уште од првата страница и не ве остава до самиот крај... прочитајте што го мотивира овој брилијантен и вреден човек” - СПЕКТАТОР „Искрен и хумористичен” - ТАЈМС „Неверојатен човек, а ова е неверојатна автобиографија... Одлично дело за читање – секс, балони, интрига и пари” – САНДЕЈ БИЗНИС „Бренсон си ја разголува душата – и сè останато – во еден небелетристички блокбастер... Задолжителна литература за читање” – БИЗНИС ЕЈЏ „Бренсон изгледа настроен да се осигури дека сите, ама баш сите, се забавуваат исто колку што и тој се забавува” - ТАЈМ
Достапност: распродадено
ден 550,00

Видете поврзани производи

Клиентите исто купуваат

Лидер без титула – Робин Шарма

Повеќе од петнаесет години најуспешните компании и најбогатите луѓе на светот ја применуваат формулата на Робин Шарма - еден од најбараните гуруа на денешнината. Оваа формула сега ви е достапна и вам, преку вдахновените пораки за тајните на успехот и личната среќа. Книгата Лидер без титула ќе ве научи: Да бидете исклучителни во својата работа, без оглед на функцијата што ја имате Да ја искористите секоја шанса во тешките времиња Да изградите одличен тим и да станете продавач број 1 Да ги совладате тактиките за ментална стабилност и физичка снага Да се изборите со стресот, да размислувате позитивно, да ослободите енергија и да постигнете хармоничен живот Без оглед на позицијата што ја заземате во компанијата и на моменталните околности во својот приватен живот, не заборавајте дека поседувате моќ да станете лидер. Оваа книга ќе ве научи како да ја стекнете оваа моќ и да го измените не само својот живот туку и светот околу вас. Дајте го својот максимум! „Од калуѓерот што го продаде ферарито до лидер без титула, Робин Шарма нè води по вистинскиот пат. Врзете се и уживајте во возењето“. Кевин Робертс, Сачи & Сачи „Робин Шарма има ретка дарба да пишува книги што вистински им го менуваат животот на луѓето“. Ричард Карлсон „Лидер без титула е книга што ќе ви го измени животот. Прочитајте ја и подгответе се за неверојатна промена“. Њујорк тајмс
ден 380,00

распродадено

Магијата на големите соништа – Дејвид Џ. Шварц

Поставете си високи цели...а потоа надминете ги! Над шест милиони луѓе низ светот си го подобрија животот со помош на Магијата на големите соништа. Д-р Дејвид Џ. Шварц, кој долго време го држи приматот на еден од најголемите експерти за мотивација, ќе ви помогне да продавате подобро, да менаџирате подобро, да заработувате повеќе и – што е најважно од сè – да најдете поголема среќа и душевен мир. Магијата на големите соништа ви нуди практични методи, а не само празни ветувања. Д-р Шварц ја открива својата внимателно разработена програма за да го извлечете максимумот од работата, од бракот и семејството, од социјалниот живот... Ви покажува дека не мора да бидете интелектуалец или да имате вроден талент за да постигнете успех и сатисфакција – но мора да ја разберете и да ја стекнете навиката на мислење и однесување што ќе ве одведат до врвот.
ден 450,00

распродадено