Личен Развој

Cashback-store.com е онлајн продавница која е посветена за едукација и личен развој на Cashback Card Заедницата во Македонија, но и за сите оние кои сакаат да ја истражат нашата колекција на посебно одбрани книги кои со сигурност ќе Ви ги откријат тајните на успехот.

Читачи, наша цел е да Ви овозможиме одлично искуство при онлајн купувањето и притоа да Ве надградиме со Lyoness предностите! Затоа не заборавајте да го активирате Вашиот Cashback секогаш кога пазарувате кај нас!

Покажи како Grid Лист
Сортирај по
Покажи по страна

Мотивација – Брајан Трејси

Една од најважни обврски што ги имате како менаџер е да ги мотивирате вработените да го дадат најдоброто од себе. Менаџерите кои создаваат работна средина со висока енергија и даваат чувство дека се работи нешто што има вредност, го намалуваат одливот на вработени и истовремено ги зголемуваат продуктивноста и квалитетот. Потпирајќи се на своето повеќедецениското искуство, експертот за успех Брајан Трејси во Мотивација нуди 21 брза и моќна метода за зголемување на делотворноста на секој поединец или група. Тој ви открива како: • да обезбедите вработените да чувствуваат страст за тоа што го работат • да ги предизвикате со задачи што од нив бараат да направат исчекор • да ја задоволите нивната потреба истовремено да се чувствуваат и независни и дел од тимот • да го намалите стравот од неуспех и да ја зголемите желбата за успех • да ги отстраните пречките што не им даваат да напредуваат • да им дадете повратна информација што им е неопходна за да успеат Во оваа книга ќе ја научите една од најважните функции на менаџментот – способноста да ги мотивирате другите за врвни достигнувања.
ден 250,00

распродадено

Нашата санта мраз се топи – Џон Котер

Нашата санта мраз се топи е едноставна басна за тоа како да се опстане и да се просперира во свет кој постојано се менува. Базирана врз наградуваниот метод на харвардскиот професор Џон Котер, ова е приказна чијашто примена во секојдневјето им помогнала на илјадници луѓе и организации. Во неа се раскажува за една колонија кралски пингвини на Антарктикот што живеат на одреден начин со години. Една љубопитна птица ненадејно открива еден потенцијално катастрофален проблем што му се заканува на нивниот дом – но во основа, никој не ја слуша... Во ликовите во книгата може да препознаеме вистински луѓе, дури и самите себе. Таа е алегорија за отпорот кон промени и херојски подвизи, навидум ненадминливи пречки и најмудрите тактики за соочување со нив. Оваа приказна се случува секојдневно во различни форми насекаде околу нас – а изгледа дека пингвините се справуваат со огромните предизвици многу подобро од луѓето.
ден 200,00

ПланУМ - Александра Шаровиќ Атанасовска

ПланУМ е моќна интерактивна алатка за унапредување на личните потенцијали на секој поединец. Помага при кристализирање на посакуваните цели и дефинирање на детална мапа и план за нивна реализација.
ден 400,00

Тајна – Ронда Бирн

Делови од Големата тајна биле откривани низ столетијата во усмената традиција, во литературата, во религиите, како и во филозофиите. За првпат сите делови од Тајната се собрани во ова неверојатно откровение кое ќе го преобрази животот на сите оние кои ќе ја доживеат. Од оваа книга ќе научите како да ја користите Тајната во секој сегмент од вашиот живот: пари, здравје, односи, среќа.. ќе почнете да ја разбирате скриената, непозната моќ што јаи ма во вас, а тоа откровение може да донесе радост во секој аспецт од вашиот живот. Учејќи за Тајната, ќе осознаеш на кој начин можеш да имаш, да бидеш и да го правиш она што ќе го посакаш. Ќе осознаеш кој си, ќе ја осознаеш вистинската величественост на твојата силна волја и што може таа да направи за тебе.
ден 400,00

Тајни на преговарањето – Дејвид Браун

ТАЈНИтм НАПРЕДУВАЈТЕ СО ДОВЕРЛИВИТЕ ЗНАЕЊА ВО ОВАА КНИГА ТАЈНИТЕ НА ПРЕГОВАРАЊЕТО ШТО ГИ УПОТРЕБУВААТ ЕКСПЕРТИТЕ И ВРВНИТЕ ПРОФЕСИОНАЛЦИ. Постигнете брзи резултати со овој брз и лесен водич низ основите на преговарањето Во оваа книга ќе откриете: Како да ги одредите преговарачките варијабли и пакет-договорите Како да ги одбегнете вообичаените стапици Како да го употребувате и да го толкувате говорот на телото Како да се справите со тешките луѓе Како да постигнете одлични резултати со двојна добивка.
ден 250,00

распродадено

Тајни на презентирањето – Мартин Менсер

ТАЈНИТЕ НА ПРЕЗЕНТИРАЊЕТО ШТО ГИ КОРИСТАТ ЕКСПЕРТИТЕ И ВРВНИТЕ ПРОФЕСИОНАЛЦИ. Постигнете брзи резултати со овој едноставен водич низ основите на презентирањето Во оваа книга ќе откриете како: Да уживате во презентирањето и да му пријдете со самодоверба Да ја процените публиката и нејзините реакции Да подготвите максимално влијателни презентации Да ги користите гласот и телото за да ја објасните поентата Да користите визуелни помагала Да одговорите на секакви прашањата.
ден 250,00

распродадено