Магијата на големите соништа – Дејвид Џ. Шварц

Поставете си високи цели...а потоа надминете ги! Над шест милиони луѓе низ светот си го подобрија животот со помош на Магијата на големите соништа. Д-р Дејвид Џ. Шварц, кој долго време го држи приматот на еден од најголемите експерти за мотивација, ќе ви помогне да продавате подобро, да менаџирате подобро, да заработувате повеќе и – што е најважно од сè – да најдете поголема среќа и душевен мир. Магијата на големите соништа ви нуди практични методи, а не само празни ветувања. Д-р Шварц ја открива својата внимателно разработена програма за да го извлечете максимумот од работата, од бракот и семејството, од социјалниот живот... Ви покажува дека не мора да бидете интелектуалец или да имате вроден талент за да постигнете успех и сатисфакција – но мора да ја разберете и да ја стекнете навиката на мислење и однесување што ќе ве одведат до врвот.
Достапност: распродадено
ден 450,00
excluding shipping

Видете поврзани производи

Клиентите исто купуваат

Go Pro: 7 Steps to Becoming a Network Marketing Professional (англиски јазик) - Eric Worre

Едноставна книга која е наменета за секој човек кој се занимава со мрежен маркетинг како професија. Авторот на книгата е Ерик Вори кој е најпознат професионалец на мрежниот маркетинг во светот. Доколку сте решени да се занимавате со продажба преку дупликација, токму ова е правата ккнига за вас. Кратки и јасни 7 способности за постојан успех во сопствениот бизнис.
ден 799,00 excluding shipping

Цели – Брајан Трејси

Базирана на дваесетгодишното истражување и предавања на повеќе од 5 милиони бизнис-лидери ширум светот, оваа книга е синтеза на најдобрите и најпрактичните техники за поставување и постигнување на личните и финансиските цели. Трејси, со консултантско искуство во повеќе од 500 корпорации, меѓу кои IBM, Ford, Xerox, и Hewlett-Packard, ги објаснува клучните елементи за поставување на цели и неопходните чекори за нивно остварување. Своите извонредни размислувања, Трејси ги преточува во практични чекори за иницијатива.
ден 400,00 excluding shipping

Моќта – Ронда Бирн

Ронда Бирн своето патување го започнува со филмот “Тајната” кој го видоа милиони луѓе ширум светот. Потоа следуваше книгата “Тајната” , светски бестселер досега преведен на 46 јазици. Сега со “Моќта” , Ронда Бирн ја продолжува нејзината револуционерна работа, откривајќи ни ја најголемата сила во нашиот универзум. СУДЕНО ТИ Е ДА ИМАШ НЕВЕРОЈАТЕН ЖИВОТ! Во оваа книга сакам да го покажам патот до неверојатен живот...Има толку многу нешта кои треба да ги откриеш за животот, и сите тие нешта се добри. Всушност, тие се и повеќе од добри. Феноменални се! Животот е многу полесен отколку што мислиш и кога ќе почнеш да разбираш како функционира животот и Моќта што ја имаш во себе, тогаш во целост ќе ја искусиш магијата на животот – и тогаш ќе имаш неверојатен живот! Сега, дозволи да започне магијата на Твојот живот. -извадок од моќта-
ден 400,00 excluding shipping