Меси: приказна за момчето што стана легенда - Лука Кајоли

El Pibe de Oro. Златното момче. Сенката на Диего Марадона циси на аргентинскиот и светскиот фудбал. Десетици фудбалски ѕвезди се именувани како негови наследници. Во 2007 година, редот конечно доаѓа и до Лионел Меси. Три години подоцна, Меси- El Pulga, Болвата- е веќе шампион на Европа и носител на златен олимписки медал, добитник на Златната топка на ФИФА со рекорден број гласови, херој на милиони ширум светот, можеби природно најталентираниот фудбалер што некогаш истрчал на зелените терени.. Овој пат новинарите се во право: фудбалскиот свет има свој нов Марадона. Можеби и подобар од Диего. Црпејќи информации од низа интервјуа и сведоштва (од родителите на Меси и неговиот брат, неговите блиски и далечни роднини, неговите први тренери и нивните големи наследници, како и за крај, самиот Меси), во прецизно насловената „Приказна за момчето што стана легенда”, познатиот спортски биограф Лука Кајоли дава динамичен, лесно читлив и живописен преглед на една фасцинантна кариера што од болникаво момче со хормонални проблеми ќе создаде блескава инспирација и уште посјајна фудбалска ѕвезда - веќе овековечена на сите спортски неба.
Достапност: 4 во магацин
ден 300,00

Видете поврзани производи

Клиентите исто купуваат

Магијата на големите соништа – Дејвид Џ. Шварц

Поставете си високи цели...а потоа надминете ги! Над шест милиони луѓе низ светот си го подобрија животот со помош на Магијата на големите соништа. Д-р Дејвид Џ. Шварц, кој долго време го држи приматот на еден од најголемите експерти за мотивација, ќе ви помогне да продавате подобро, да менаџирате подобро, да заработувате повеќе и – што е најважно од сè – да најдете поголема среќа и душевен мир. Магијата на големите соништа ви нуди практични методи, а не само празни ветувања. Д-р Шварц ја открива својата внимателно разработена програма за да го извлечете максимумот од работата, од бракот и семејството, од социјалниот живот... Ви покажува дека не мора да бидете интелектуалец или да имате вроден талент за да постигнете успех и сатисфакција – но мора да ја разберете и да ја стекнете навиката на мислење и однесување што ќе ве одведат до врвот.
ден 450,00

распродадено

Go Pro: 7 Steps to Becoming a Network Marketing Professional (англиски јазик) - Eric Worre

Едноставна книга која е наменета за секој човек кој се занимава со мрежен маркетинг како професија. Авторот на книгата е Ерик Вори кој е најпознат професионалец на мрежниот маркетинг во светот. Доколку сте решени да се занимавате со продажба преку дупликација, токму ова е правата ккнига за вас. Кратки и јасни 7 способности за постојан успех во сопствениот бизнис.
ден 799,00

Богат татко, сиромашен татко – Роберт Киосаки

Книга што го растресе финансискиот свет! Што е разликата во погледите и ставовите на богатите во споредба со обичните луѓе? Во што се разликуваат нивните постапки што даваат драстично поинакви резултати? Роберт Киосаки, инвеститор-милионер, автор и предавач, ја имал единствената шанса да ги открие одговорите на овие прашања уште во своето детство, и тоа од две сосема различни перспективи - богатиот и сиромашниот татко. Едниот, таткото на Роберт, редовен професор со размислувања на обичен работник што работи за плата. И другиот, таткото на неговиот другар, успешен бизнисмен, кој станал негов ментори му ги отворил очите за огромните грешки што ги правел неговиот сиромашен татко во врска со парите. Богат татко, сиромашен татко е лична финансиска перспектива за целосно преиспитување на тоа како функционираат парите. Нè учи како да работиме на сопствената финансиска интелегенција, како да го забрзаме финансискиот прогрес и како ризикот да ни стане сојузник. Богат татко, сиромашен татко е почетна точка за секој што сака да има контрола над својата финансиска иднина. УСА Тудеј
ден 400,00