Мотивација – Брајан Трејси

Една од најважни обврски што ги имате како менаџер е да ги мотивирате вработените да го дадат најдоброто од себе. Менаџерите кои создаваат работна средина со висока енергија и даваат чувство дека се работи нешто што има вредност, го намалуваат одливот на вработени и истовремено ги зголемуваат продуктивноста и квалитетот. Потпирајќи се на своето повеќедецениското искуство, експертот за успех Брајан Трејси во Мотивација нуди 21 брза и моќна метода за зголемување на делотворноста на секој поединец или група. Тој ви открива како: • да обезбедите вработените да чувствуваат страст за тоа што го работат • да ги предизвикате со задачи што од нив бараат да направат исчекор • да ја задоволите нивната потреба истовремено да се чувствуваат и независни и дел од тимот • да го намалите стравот од неуспех и да ја зголемите желбата за успех • да ги отстраните пречките што не им даваат да напредуваат • да им дадете повратна информација што им е неопходна за да успеат Во оваа книга ќе ја научите една од најважните функции на менаџментот – способноста да ги мотивирате другите за врвни достигнувања.
Достапност: распродадено
ден 250,00
excluding shipping

Видете поврзани производи

Клиентите исто купуваат

Управување со времето – Брајан Трејси

Вашиот успех најмногу зависи од способноста што ја имате за управување со времето. Едноставно е: колку подобро го користите времето толку повеќе ќе постигнете! Овој концизен водич открива 21 докажани техники за управување со времето, кои можете да ги употребите веднаш за да добиете барем два продуктивни часа на ден. Проучувајќи ги стратегиите што експертот Брајан Трејси ги идентификува како најефикасни и самиот ги употребува, оваа корисна книга ќе ви открие како можете: Да ги контролирате состаноците, имејловите, телефонските повици и безбројните прекини во работата Да го распределите времето на врвни приоритети Да работите на слични задачи за да го задржите фокусот Да го надминете одложувањето Да одредите кои работи може да ги заврши некој друг Да работите наназад од иднината, со цел да се осигурате дека сте ги исполниле целите Исполнета со мудроста на Брајан Трејси и лесна за примена, оваа книга ќе ви помогне да постигнете повеќе за помалку време и со многу помал стрес.
ден 250,00 excluding shipping

распродадено

Креативноста на решавањето на проблемите – Брајан Трејси

Карактеристика на секоја исклучителна кариера е способноста за изнаоѓање на иновативни решенија за предизвиците во работата. Вештините за креативно размислување имаат клучно значење за вашиот професионален напредок. Како врвен светски експерт за успех, Брајан Трејси знае дека секој може да стане покреативен со употреба на неговите сознанија и искуства. Во оваа книга тој ни открива 21 докажани техники што можете да ги примените веднаш и да почнете да добивате исклучително продуктивни идеи. Дознајте како: • да ги стимулирате примарните поттикнувачи на креативноста • да користите нулта размислување, брејнсторминг, споредно размислување и групна техника за да ги решавате проблемите и да ја подобрите организацијата • да поставувате такви видови на прашања од кои ќе добиете умни решенија. Оваа книга ќе ви ја промени кариерата со тоа што ќе ве однесе до изворот на вашата интуитивна генијалност!
ден 250,00 excluding shipping

распродадено

Како да се здобијат пријатели и наклоност на луѓето – Дејл Карнеги

МОЌЕН И ДОКАЖАН ВОДИЧ ШТО ПОТТИКНА ИЛЈАДНИЦИ СЛАВНИ ЛУЃЕ ДА СТИГНАТ ДО ВРВОТ НА УСПЕХОТ ВО БИЗНИСОТ И ВО ЛИЧНИОТ ЖИВОТ Книгата Како да се здобијат пријатели и наклоност на луѓето е еднакво релевантна и корисна денес како и во времето кога била објавена, пред речиси 80 години. Тоа се должи на неверојатната умешност на Дејл Карнеги да проникне длабоко во човековата природа и да ги открие принципите врз чија основа секој човек можел да се развие и максимално да го искористи својот потенцијал. Според Карнеги, финансискиот успех не зависи толку од знаењето што го поседуваме колку од способноста да ги изразиме своите идеи, да преземеме лидерска улога и да го поттикнеме ентузијазмот кај луѓето. Продадена во десетици милиони примероци низ светот, оваа книга содржи многу корисни совети за тоа како брзо и лесно да се здобиете со пријателството и наклоноста на луѓето, како да го зголемите своето влијание во работната средина, како да станете поефикасни, да ги поттикнувате моралот и ентузијазмот кај соработниците, а да ги избегнете недоразбирањата и расправиите во деловниот и семејниот живот.
ден 400,00 excluding shipping

распродадено