Нашата санта мраз се топи – Џон Котер

Нашата санта мраз се топи е едноставна басна за тоа како да се опстане и да се просперира во свет кој постојано се менува. Базирана врз наградуваниот метод на харвардскиот професор Џон Котер, ова е приказна чијашто примена во секојдневјето им помогнала на илјадници луѓе и организации. Во неа се раскажува за една колонија кралски пингвини на Антарктикот што живеат на одреден начин со години. Една љубопитна птица ненадејно открива еден потенцијално катастрофален проблем што му се заканува на нивниот дом – но во основа, никој не ја слуша... Во ликовите во книгата може да препознаеме вистински луѓе, дури и самите себе. Таа е алегорија за отпорот кон промени и херојски подвизи, навидум ненадминливи пречки и најмудрите тактики за соочување со нив. Оваа приказна се случува секојдневно во различни форми насекаде околу нас – а изгледа дека пингвините се справуваат со огромните предизвици многу подобро од луѓето.
Достапност: распродадено
ден 200,00
excluding shipping

Видете поврзани производи

Клиентите исто купуваат

Богат татко, сиромашен татко – Роберт Киосаки

Книга што го растресе финансискиот свет! Што е разликата во погледите и ставовите на богатите во споредба со обичните луѓе? Во што се разликуваат нивните постапки што даваат драстично поинакви резултати? Роберт Киосаки, инвеститор-милионер, автор и предавач, ја имал единствената шанса да ги открие одговорите на овие прашања уште во своето детство, и тоа од две сосема различни перспективи - богатиот и сиромашниот татко. Едниот, таткото на Роберт, редовен професор со размислувања на обичен работник што работи за плата. И другиот, таткото на неговиот другар, успешен бизнисмен, кој станал негов ментори му ги отворил очите за огромните грешки што ги правел неговиот сиромашен татко во врска со парите. Богат татко, сиромашен татко е лична финансиска перспектива за целосно преиспитување на тоа како функционираат парите. Нè учи како да работиме на сопствената финансиска интелегенција, како да го забрзаме финансискиот прогрес и како ризикот да ни стане сојузник. Богат татко, сиромашен татко е почетна точка за секој што сака да има контрола над својата финансиска иднина. УСА Тудеј
ден 400,00 excluding shipping