Тајна – Ронда Бирн

Делови од Големата тајна биле откривани низ столетијата во усмената традиција, во литературата, во религиите, како и во филозофиите. За првпат сите делови од Тајната се собрани во ова неверојатно откровение кое ќе го преобрази животот на сите оние кои ќе ја доживеат. Од оваа книга ќе научите како да ја користите Тајната во секој сегмент од вашиот живот: пари, здравје, односи, среќа.. ќе почнете да ја разбирате скриената, непозната моќ што јаи ма во вас, а тоа откровение може да донесе радост во секој аспецт од вашиот живот. Учејќи за Тајната, ќе осознаеш на кој начин можеш да имаш, да бидеш и да го правиш она што ќе го посакаш. Ќе осознаеш кој си, ќе ја осознаеш вистинската величественост на твојата силна волја и што може таа да направи за тебе.
Достапност: 34 во магацин
ден 400,00

Видете поврзани производи

Клиентите исто купуваат

Моќта – Ронда Бирн

Ронда Бирн своето патување го започнува со филмот “Тајната” кој го видоа милиони луѓе ширум светот. Потоа следуваше книгата “Тајната” , светски бестселер досега преведен на 46 јазици. Сега со “Моќта” , Ронда Бирн ја продолжува нејзината револуционерна работа, откривајќи ни ја најголемата сила во нашиот универзум. СУДЕНО ТИ Е ДА ИМАШ НЕВЕРОЈАТЕН ЖИВОТ! Во оваа книга сакам да го покажам патот до неверојатен живот...Има толку многу нешта кои треба да ги откриеш за животот, и сите тие нешта се добри. Всушност, тие се и повеќе од добри. Феноменални се! Животот е многу полесен отколку што мислиш и кога ќе почнеш да разбираш како функционира животот и Моќта што ја имаш во себе, тогаш во целост ќе ја искусиш магијата на животот – и тогаш ќе имаш неверојатен живот! Сега, дозволи да започне магијата на Твојот живот. -извадок од моќта-
ден 400,00

Лидер без титула – Робин Шарма

Повеќе од петнаесет години најуспешните компании и најбогатите луѓе на светот ја применуваат формулата на Робин Шарма - еден од најбараните гуруа на денешнината. Оваа формула сега ви е достапна и вам, преку вдахновените пораки за тајните на успехот и личната среќа. Книгата Лидер без титула ќе ве научи: Да бидете исклучителни во својата работа, без оглед на функцијата што ја имате Да ја искористите секоја шанса во тешките времиња Да изградите одличен тим и да станете продавач број 1 Да ги совладате тактиките за ментална стабилност и физичка снага Да се изборите со стресот, да размислувате позитивно, да ослободите енергија и да постигнете хармоничен живот Без оглед на позицијата што ја заземате во компанијата и на моменталните околности во својот приватен живот, не заборавајте дека поседувате моќ да станете лидер. Оваа книга ќе ве научи како да ја стекнете оваа моќ и да го измените не само својот живот туку и светот околу вас. Дајте го својот максимум! „Од калуѓерот што го продаде ферарито до лидер без титула, Робин Шарма нè води по вистинскиот пат. Врзете се и уживајте во возењето“. Кевин Робертс, Сачи & Сачи „Робин Шарма има ретка дарба да пишува книги што вистински им го менуваат животот на луѓето“. Ричард Карлсон „Лидер без титула е книга што ќе ви го измени животот. Прочитајте ја и подгответе се за неверојатна промена“. Њујорк тајмс
ден 380,00

Богат татко, сиромашен татко – Роберт Киосаки

Книга што го растресе финансискиот свет! Што е разликата во погледите и ставовите на богатите во споредба со обичните луѓе? Во што се разликуваат нивните постапки што даваат драстично поинакви резултати? Роберт Киосаки, инвеститор-милионер, автор и предавач, ја имал единствената шанса да ги открие одговорите на овие прашања уште во своето детство, и тоа од две сосема различни перспективи - богатиот и сиромашниот татко. Едниот, таткото на Роберт, редовен професор со размислувања на обичен работник што работи за плата. И другиот, таткото на неговиот другар, успешен бизнисмен, кој станал негов ментори му ги отворил очите за огромните грешки што ги правел неговиот сиромашен татко во врска со парите. Богат татко, сиромашен татко е лична финансиска перспектива за целосно преиспитување на тоа како функционираат парите. Нè учи како да работиме на сопствената финансиска интелегенција, како да го забрзаме финансискиот прогрес и како ризикот да ни стане сојузник. Богат татко, сиромашен татко е почетна точка за секој што сака да има контрола над својата финансиска иднина. УСА Тудеј
ден 400,00