Тајните на иновациите на Стив Џобс - Кармин Гало

Во неговиот потврден бестселер Тајните на презентирањето на Стив Џобс, авторот Кармин Гало прикажа една едноставна програма „чекор по чекор“ на моќни алатки и на докажани техники инспирирани од легендарните презентации на Стив Џобс. Овој пат тој ги споделува најпознатите, најоригиналните и најефективните стратегии на извршниот директор на Епл, кои ја будат вистинската креативност и иновација – на кое било работно место. „Инспиративен акционен план за секој што сака да го живее животот исполнет со страст и што има цел“ – Тони Хсеи, автор на Носејќи среќа и извршен директор на Zappos.com, Inc. „Стив Џобс ја пресоздаде музичката дистрибуција, мобилниот телефон и книгоиздавателството. Веројатно ќе сакате да дознаете како некој создава идеи вредни милијарди долари и како истите тие идеи ги претвора во производи вредни милијарди долари, а кои секој еден ги посакува и обожава. Оваа книга не е опција. Купете ја сега и претворете ја во пари утре“ – Џефри Гитомер, автор на Малата црвена книгичка за продажба „Во Тајните на иновацијата на Стив Џобс, Кармин Гало ни го предава вистинскиот начин на размислување на Стив Џобс и на Епл. Оваа книга не е само за луѓето во маркетингот и во технологијата, иако и тие ќе имаат корист од една таква проникливост во нивните светови. Наменета е за сите оние што имаат интерес во технологијата и сакаат да научат како да направат едноставни уреди што лесно се користат и може да влијаат врз нашите животи“ – Тим Бахарин, претседател на Креативни технологии инк.
Достапност: распродадено
ден 500,00

Видете поврзани производи

Клиентите исто купуваат

Момчето милијардер: Марк Закерберг со свои зборови - Џорџ Беам

Момчето милијардер: Марк Закерберг со свои зборови Навидум позната приказна – уште една бубалица која успеала во животот. Марк Закерберг, детето гениј, го напушта Харвард за да го основа Фејсбук, гигант и социјална мрежа која го редефинира светот каков го познаваме. Тој станува најмладиот милијардер во светот на сите времиња, што самиот го заработил своето богатство. Но вистинската приказна е нешто посуптилна. Се работи за трансформацијата на Закерберг од програмер-самотник без социјални вештини, во еден успешен менаџер и инспиративен лидер. Како Закерберг ја употреби сопствената хакерска филозофија, опишана со слогани како „Движи се брзо и скрши нешто“, за да создаде неверојатно успешен бизнис? Покривајќи сè, од почетокот на неговите рани денови на Харвард, па сè до станувањето на јавна компанија, па и понатаму, Момчето милијардер е една детална колекција од Закерберговите мисли, изјави и предвидувања за иднината, исто како и туѓи увидувања за Закерберг и феноменот Фејсбук. Извадени од интервјуа, говори, допишувања и написи на Фејсбук, овие обелоденувачки изјави ја покажуваат конкретната генијалност на „момчето под качулката“.
ден 330,00

Lyconet Настан 23.10.2018 Хотел Merriott

Lyconet Настан 23.10.2018 Хотел Merriott
ден 300,00