Тајни на презентирањето – Мартин Менсер

ТАЈНИТЕ НА ПРЕЗЕНТИРАЊЕТО ШТО ГИ КОРИСТАТ ЕКСПЕРТИТЕ И ВРВНИТЕ ПРОФЕСИОНАЛЦИ. Постигнете брзи резултати со овој едноставен водич низ основите на презентирањето Во оваа книга ќе откриете како: Да уживате во презентирањето и да му пријдете со самодоверба Да ја процените публиката и нејзините реакции Да подготвите максимално влијателни презентации Да ги користите гласот и телото за да ја објасните поентата Да користите визуелни помагала Да одговорите на секакви прашањата.
Достапност: распродадено
ден 250,00

Видете поврзани производи

Клиентите исто купуваат

Богат татко, сиромашен татко – Роберт Киосаки

Книга што го растресе финансискиот свет! Што е разликата во погледите и ставовите на богатите во споредба со обичните луѓе? Во што се разликуваат нивните постапки што даваат драстично поинакви резултати? Роберт Киосаки, инвеститор-милионер, автор и предавач, ја имал единствената шанса да ги открие одговорите на овие прашања уште во своето детство, и тоа од две сосема различни перспективи - богатиот и сиромашниот татко. Едниот, таткото на Роберт, редовен професор со размислувања на обичен работник што работи за плата. И другиот, таткото на неговиот другар, успешен бизнисмен, кој станал негов ментори му ги отворил очите за огромните грешки што ги правел неговиот сиромашен татко во врска со парите. Богат татко, сиромашен татко е лична финансиска перспектива за целосно преиспитување на тоа како функционираат парите. Нè учи како да работиме на сопствената финансиска интелегенција, како да го забрзаме финансискиот прогрес и како ризикот да ни стане сојузник. Богат татко, сиромашен татко е почетна точка за секој што сака да има контрола над својата финансиска иднина. УСА Тудеј
ден 400,00

Моќта на потсвеста – Џозеф Марфи

Еве го целосниот оригинален текст на прирачникот за самопомош продаден во милиони примероци ширум светот што ќе ви ја открие невидливата моќ да ја остварите секоја цел. Моќта на потсвеста, една од најомилените и најпродаваните инспиративни водичи на сите времиња, ви покажува како менувањето на вашиот начин на размислување може да доведе до драстично подобрување на вашиот живот. Со помош на практични, разбирливи техники и конкретни примери, д-р Џозеф Марфи ви го открива огромното влијание на потсвеста врз сите животни сфери: парите, односите, работата, среќата - и како да ја примените и да ја насочите нејзината моќ за да ги остварите своите цели и соништа. Оваа неверојатна книга веќе им помогна на читателите ширум светот да го постигнат навидум невозможното со самото учење како да ја контролираат неверојатната моќ на потсвеста. Сега и вие можете да ги научите овие моќни техники за да го смените својот живот, така што најнапред ќе ги смените своите верувања.
ден 380,00

Лидер без титула – Робин Шарма

Повеќе од петнаесет години најуспешните компании и најбогатите луѓе на светот ја применуваат формулата на Робин Шарма - еден од најбараните гуруа на денешнината. Оваа формула сега ви е достапна и вам, преку вдахновените пораки за тајните на успехот и личната среќа. Книгата Лидер без титула ќе ве научи: Да бидете исклучителни во својата работа, без оглед на функцијата што ја имате Да ја искористите секоја шанса во тешките времиња Да изградите одличен тим и да станете продавач број 1 Да ги совладате тактиките за ментална стабилност и физичка снага Да се изборите со стресот, да размислувате позитивно, да ослободите енергија и да постигнете хармоничен живот Без оглед на позицијата што ја заземате во компанијата и на моменталните околности во својот приватен живот, не заборавајте дека поседувате моќ да станете лидер. Оваа книга ќе ве научи како да ја стекнете оваа моќ и да го измените не само својот живот туку и светот околу вас. Дајте го својот максимум! „Од калуѓерот што го продаде ферарито до лидер без титула, Робин Шарма нè води по вистинскиот пат. Врзете се и уживајте во возењето“. Кевин Робертс, Сачи & Сачи „Робин Шарма има ретка дарба да пишува книги што вистински им го менуваат животот на луѓето“. Ричард Карлсон „Лидер без титула е книга што ќе ви го измени животот. Прочитајте ја и подгответе се за неверојатна промена“. Њујорк тајмс
ден 380,00

распродадено