Услови за користење

УСЛОВИ ЗА КУПУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ

Друштвото за трговија и услуги КЕШБЕК ДОО Скопје е друштво специјализирано за трговија на мало преку интернет.

Овие Услови за купување на производи преку интернет (понатаму: Услови за онлајн купување), заедно со нашата Политика за приватност се важечки при Вашиот пристап и користењето на нашата интернет продавница и купувањето на производи нарачани преку нашата интернет продавница.

Со нарачката на производи од нашата интернет страница, Вие потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и сте се согласиле да бидете обврзани со овие Услови за онлајн купување и со останатите погоре наведени политики.

 (1) Вовед

Ве молиме прочитајте ги овие Услови за онлајн купување внимателно.

Од Вас ќе биде побарана изречна согласност дека сте се согласиле со овие Услови за онлајн купување пред да можете да извршите нарачка за купување на производ од нашиот веб-сајт.

(2) Толкување на поимите

Во овие Услови за онлајн купување, "ние" значи КЕШБЕК ДОО Скопје ("нас" и "нашите" ќе се толкува соодветно); и "Вие" значи нашите купувачи или потенцијални купувачи на производи ("Вашето" ќе се толкува соодветно). 

(3) Процес на нарачка

Рекламирањето на производи на нашата веб страница претставува "покана за склучување на договор за купопродажба" и вашата нарачка на производи претставува договорна понуда. Ниеден договор нема да стапи на сила помеѓу нас и Вие како купувач, освен доколку ние ја прифатиме Вашата нарачка во согласност со процедурата опишана подолу.

Со цел да се смета дека сте склучите договор за купување на производи од нас, ќе треба да ги преземете следниве чекори:

 

  • Вие мора да додадете било кој од производите кои сакате да ги купите во Вашата кошничка, а потоа да продолжите со плаќањето;
  • Ако сте нов клиент, Вие ќе имате можност да креирате Ваш профил на нашата интернет страница, или да продолжите со купување без креирање на профил.
  • Откако ќе се најавите, ќе морате да ја потврдите Вашата нарачка.
  • Доколку не се најавите преку Ваш профил на нашата интернет страница, во тој случај пред потврдување на нарачката од Вас ќе биде побарано да внесете информации неопходни за потврдување на Вашата нарачка. 
  • Пред да ја потврдите нарачката, Вие ќе имате можност да идентификувате дали има некакви грешки во податоците внесени од Ваша страна, преку увид во содржината на нарачката. Вие ќе можете да извршите исправка на ваквите грешки преку ажурирање на податоците во нарачката и надополнување на Вашите податоци;
  • Откако ќе ја потврдите Вашата нарачка, Вие ќе бидете трансферирани на друга интернет страница каде што ќе биде процесирано Вашето плаќање. Плаќањето ќе се реализира преку E-commerce терминал од Халк Банка и во целост ќе биде процесирано од страна на овластеното друштво за процесирање на онлајн плаќања АССЕКО СЕЕ ДООЕЛ Скопје. 
  • Откако плаќањето ќе се процесира, ние ќе Ви испратиме иницијално известување преку е-маил.
  • Веднаш откако ќе извршиме проверка дали Вашата нарачка може да се процесира, ние или ќе Ви испратиме преку е-маил официјална потврда за нарачката (во кој момент Вашата нарачка ќе стане обврзувачки договор за двете страни), или пак ќе Ве известиме преку е-маил дека нарачката не може да се процесира, при што ќе ви биде вратен на сметка целокупниот износ кој сте го платиле.
  • Дополнително, Вие би можеле де бидете исконтактирани и преку телефон на контакт телефонот наведен во Вашата нарачка.

 

Покрај плаќањето со кредитни/дебитни картички, ние Ви нудиме можност и за плаќање врз основа на издадена фактура. Во таков случај, нарачката ќе се реализира откако ние ќе добиеме потврда дека уплатените средства се пристигнати на нашата сметка.

Ние нема да Ви доставуваме примерок од овие Услови за онлајн купување посебно во врска со вашата нарачка. Ние можеме да ја ажурираме оваа верзија на Услови за онлајн купување од време на време и не гарантираме дека верзијата со која сте се согласиле ќе остане достапна за увид на нашата интернет страница. Затоа, ние препорачуваме да ја превземете, испечатите и да задржите копија од овие Услови за онлајн купување за Ваша евиденција. 

(4) Производи

Сите наши производи презентирани на нашиот веб-сајт се достапни за онлајн купување. Сепак, некои производи може да не бидат достапни во моментот на процесирање на нарачката.

(5) Цени и плаќање

Цените за производите се дадени на нашата веб страница.

Дополнително на цените за производите, Вие ќе бидете задолжени и со плаќање на испораката, што ќе биде истакнато одделно под цената за производот.

Еднократниот надомест за достава на производи од иста нарачка со достава на иста адреса изнесува 150 МКД, независно од количината на производи кои се предмет на таа нарачка.

Плаќањето мора да се направи по поднесување на вашата нарачка. Ние може да ги задржиме производите и/или да го раскинеме договорот помеѓу нас ако Вашето плаќање не е извршено во целост.

Прикажаните цените на интернет страницата ги вклучуваат сите даноци на додадена вредност (каде што е применливо).

Плаќањето за сите производи мора да се направи со следење на инструкциите на веб страницата.

Цените на производите се подложни на промени во секое време, но промените нема да влијае на договорите кои се во сила.

(6) Начин на испорака

Ние ќе организираме производите да се достават на адресата за испорака што е наведено во вашата нарачка.

Ние ќе се вложиме разумни напори да ги испорачаме производите во рок од 5 работни дена сметано од нашата потврда на Вашата нарачка.

(7) Ризик и сопственост

Од моментот на испорака, Производите ќе бидат на Ваш ризик. Сопственоста врз производите преминува на Вас откако:

(А) производите ќе се испорачаат; и

(Б) целосна исплата на сите суми во однос на производите (вклучувајќи ги и трошоците за испорака).

(8) Гаранција за производите

Гаранцијата за производите (доколку е применливо) е означена заедно со описот на секој производ поединечно.

 

(9) Враќање, рефундирање и замена 

Производите може да бидат вратени до нас единствено по претходен договор, на Ваш трошок и според нашите насоки. Сите производи кои ќе бидат вратени во спротивност со овој Член нема да биде предмет на било какво рефундирање или замена и Вие и понатаму ќе бидете задолжени со плаќање на тие производи.

Во случај на враќање на производи до нас во согласност со одредбите од овој Член и доколку овие производи не се во согласност со гаранциите наведени во Членот [7], Вие ќе имате право да ги замените производите (кога замена е возможна) или, каде што ние се согласуваме, враќање на цената што е платена за тие производи.

(10) Ваши гаранции

Вие ни гарантирате дека:

(а)Вие сте правно способни за влегување во обврзувачки договори и имате целосно овластување, моќ и капацитет да се согласите со овие Услови за онлајн купување;

(б) информациите наведени во Вашата нарачка се точни и целосни; и

(в) Вие ќе бидете во можност да ја примите испорака на производите.

(11) Обештетување

Вие ќе ни ја надоместите штетата и се обврзувате да ни ја надоместите штетата настаната од сите или било која обврска, загуба, штета, трошоци (вклучувајќи и правни трошоци и износи платени при спогодба на било чие барање, тужба или барање) настаното, директно или индиректно поради ваша повреда на некоја од вашите обврски според овие Услови за онлајн купување.

(12) Виша сила

„настан на виша сила“ значи:

(а) секој настан кој е вон разумна контрола;

(б) недостапноста на суровини, делови на производите; и/или


(в) прекин на снабудувањето со електрична енергија, индустриски спорови со други лица, државна регулатива, пожари, поплави, катастрофи, граѓански немири, терористички напади или војна.

Кога заради виша сила нема да успееме да ги извршиме своите обврски во согласност со овие Услови за онлајн купување, таквите обврски ќе бидат одложени за времетраењето на настанот на виша сила.

Доколку ние станеме свесни за случај на виша сила која доведува до, или што е веројатно да предизвика, било неуспех или при извршување на нашите обврски во рамките на овие Услови за онлајн купување, ние ќе Ве известиме веднаш.

Ние ќе преземе разумни чекори за ублажување на последиците од кој било настан на виша сила.

(13) Ограничувања на одговорност

Ништо во овие услови на продажба нема да ја ограничи или исклучи Вашата или нашата одговорност за: (i) смрт или лична повреда предизвикана од невнимание; (ii) измама или лажни претставување; или (iii) било која состојба која е незаконски да се ограничи или исклучи или настојува да се ограничи или исклучи одговорноста.

(а) нашата одговорност во врска со кој било производ купен преку нашата веб-страница е строго ограничена на куповната цена на таквиот производ и на трошоците за замена на соодветните производи;

(б) нема под никакви околности да бидеме одговорни за било каква загуба на приход, загуба на бизнис, загуба на профит или договори, губење на предвидените заштеди, загуба на податоци или губење на менаџерско или канцелариско време, или губење на добра волја или репутацијата; и

(в) нема да бидеме одговорни за било какви загуби кои произлегуваат од случај на виша сила.

(14) Откажување на Договор

Ние можеме да го откажеме договорот за снабдување на производи склучен во согласност со овие Услови за онлајн продажба веднаш со писмено известување до Вас, ако Вие не го исплатите на време и во целост, кој било износ кој ни го должите врз основа на било кој договор, или пак доколку направите било каков материјален прекршок на вашите обврски врз основа на било кој договор;

(15) Последици од откажувањето

По откажување на договорот согласно Член 13 ќе престане нашата обврска да ги доставиме нарачаните производи кои се недоставени во моментот на откажување.

 (16) Предмет на овие Услови за онлајн продажба

Овие Услови за онлајн продажба не претставуваат или содржат било какво назначување или лиценца на права на интелектуална сопственост, не се однесуваат на лиценцирање на производи (вклучувајќи софтвер и книжевни дела) кои се содржани во производите и не се однесуваат на обезбедување на било кои услуги од нас или било кои трети лица поврзани со производите.

(17) Општи одредби

Сликите на производите на нашата веб страница се само за илустративни цели; вистинските производи може да се разликуваат од таквите слики.

Ние ќе ги третираме сите Ваши лични информации кои ги собираме во врска со Вашата нарачка во согласност со условите на нашата Политика за приватност.

Договорите склучени врз основа на овие Услови за онлајн продажба може да се менуваат само во писмена форма потпишана од двете страни. Ние може да ги ревидираме овие Услови за онлајн продажба, од време-на-време, но таквите измени нема да влијаат на условите од договорите што веќе сме ги склучиле со Вас.

Ако некоја одредба од овие Услови за онлајн продажба се смета за неважечка или неприменлива од страна на надлежниот суд, останатите одредби ќе останат во полна сила и ефект, а таквата неважечка или неспроведлива одредба или дел од истата ќе се смета за неважечка.

Вие не може да доделите, наплатите, да склучите под-договор или на друг начин да ги пренесете било кое од вашите права или обврски кои произлегуваат од овие Услови за онлајн продажба. Секој обид од Ваша страна за претходно наведеното ќе се смета за ништовен и неважечки. Ние може да овластиме, наплатиме, склучиме под-договор или на друг начин да ги пренесеме било кое од нашите права и обврски кои произлегуваат од овие Услови за онлајн продажба, во секое време.

Секој договор под овие услови на продажба е направен во корист на страните во него и не е наменет да има корист, или да се применуваат од страна на друго лице. Правото на страните да го раскинат, или да се согласат за некоја измена и дополнување, измена, откажување или порамнување од таквите договори не е предмет на согласност на било кое лице кое не е договорна страна на договорот.

Овие услови за онлајн продажба го содржат целосниот договор и разбирање помеѓу страните во однос на купување на производи од нашата веб страница и ги суспендираат сите претходни договори и спогодби меѓу страните во однос на купување на производи од нашата веб страница;

Овие услови на продажба ќе бидaт регулирани со законите на Р. Македонија и надлежност да ги решава споровите што произлегуваат од или во врска со овие Услови за онлајн продажба има Основниот суд Скопје 2 Скопје.

(18) За нас

Друштво за трговија и услуги КЕШБЕК ДОО Скопје
Ул. 8-МИ СЕПТЕМВРИ-ХИПОДРУМ 16/б-2к , Скопје
ЕДБ: 4057016533242
ЕМБС: 7132468


info@cashback-store.com