Книги

Cashback-store.com е онлајн продавница која е посветена за едукација и личен развој на Cashback Card Заедницата во Македонија, но и за сите оние кои сакаат да ја истражат нашата колекција на посебно одбрани книги кои со сигурност ќе Ви ги откријат тајните на успехот.

Книгите кои се изложени на сајтот се дел од најврвната светска колекција на книги за личен равој и се одличен избор за секој еден човек кој има желба да се посвети на личниот развој!

Покажи како Grid Лист
Сортирај по
Покажи по страна

Како да се здобијат пријатели и наклоност на луѓето – Дејл Карнеги

МОЌЕН И ДОКАЖАН ВОДИЧ ШТО ПОТТИКНА ИЛЈАДНИЦИ СЛАВНИ ЛУЃЕ ДА СТИГНАТ ДО ВРВОТ НА УСПЕХОТ ВО БИЗНИСОТ И ВО ЛИЧНИОТ ЖИВОТ Книгата Како да се здобијат пријатели и наклоност на луѓето е еднакво релевантна и корисна денес како и во времето кога била објавена, пред речиси 80 години. Тоа се должи на неверојатната умешност на Дејл Карнеги да проникне длабоко во човековата природа и да ги открие принципите врз чија основа секој човек можел да се развие и максимално да го искористи својот потенцијал. Според Карнеги, финансискиот успех не зависи толку од знаењето што го поседуваме колку од способноста да ги изразиме своите идеи, да преземеме лидерска улога и да го поттикнеме ентузијазмот кај луѓето. Продадена во десетици милиони примероци низ светот, оваа книга содржи многу корисни совети за тоа како брзо и лесно да се здобиете со пријателството и наклоноста на луѓето, како да го зголемите своето влијание во работната средина, како да станете поефикасни, да ги поттикнувате моралот и ентузијазмот кај соработниците, а да ги избегнете недоразбирањата и расправиите во деловниот и семејниот живот.
ден 400,00

Како ја изгубив невиноста (автобиографија) - Ричард Брансон

Автобиографија на Ричард Бренсон Вистинска и возбудлива приказна на претприемачот зад империјата „Вирџин“. Ричард Бренсон со свои зборови за својот живот и за личната филозофија на живеење. Кога станува збор за бизнисот, но и за другите нешта, сер Ричард Бренсон има едноставна филозофија: забавувај се најмногу што можеш – дури и ако тоа бара да ги прекршиш сите правила. Тоа е таа филозофија заради која на шеснаесетгодишна возраст се откажал од школувањето, за да го основа револуционерниот магазин „Студент“ (кога му било речено дека од него се очекува да стане или криминалец или милионер), да ја именува музичката компанија „Вирџин“ (со значење девица, како одраз на неговото неискуство во бизнисот), и да ги победи гигантите како „Бритиш ервејс“ и „Кока-кола“, и тоа со нивен чекан по глава. Низ истите години успева да ги издаде некои од најважните албуми во музичката историја, како оние од Секс пистолс, Џенет Џексон и Ролинг стоунс, да урне многу светски рекорди со своите луди авантури и да изгради деловна империја вредна милијарди долари. Ова е неговата приказна, која ја раскажува со свои зборови и е како и сè останато во врска со Бренсон – забава. Автобиографијата на Ричард Бренсон е многу повеќе отколку само збир од записи и мемоари – таа е приказ на неговиот живот и на начинот на работа, кои се сè само не обични. Но, уште поважно, таа е и ултимативен деловен водич што ги открива неговата уникатна филозофија на тргување, извонредниот успех и неговиот живот. „Ве фаќа уште од првата страница и не ве остава до самиот крај... прочитајте што го мотивира овој брилијантен и вреден човек” - СПЕКТАТОР „Искрен и хумористичен” - ТАЈМС „Неверојатен човек, а ова е неверојатна автобиографија... Одлично дело за читање – секс, балони, интрига и пари” – САНДЕЈ БИЗНИС „Бренсон си ја разголува душата – и сè останато – во еден небелетристички блокбастер... Задолжителна литература за читање” – БИЗНИС ЕЈЏ „Бренсон изгледа настроен да се осигури дека сите, ама баш сите, се забавуваат исто колку што и тој се забавува” - ТАЈМ
ден 550,00

распродадено

Кој го здипли моето сирење – Спенсер Џонсон

Кој го здипли моето сирење? е едноставна басна која ни донесува длабоки вистини за промените. Тоа е забавна и поучна приказна за четири суштества кои живеат во „Лавиринтот“ и бараат „Сирење“ од кое живеат и кое ги прави среќни. Две од нив се глувчиња, Душкало и Брзи. А две се „човечиња“ - суштества со големина на глушец кои со однесувањето и со ликот многу потсетуваат на луѓето. Се викаат Туцко и Муцко. „Сирењето“ е метафора за она што сакате од животот - добра работа, сериозна врска, пари, имот, здравје и душевен мир. А „Лавиринтот“ е место во кое го барате она што го сакате - организацијата во која работите или семејството и заедницата во која живеете. Кога ќе стасате до „Ракописот на ѕидот“ и сами ќе откриете како да се справите со промените, па ќе можете да уживате во поголеми успеси со помалку стрес во работата и во приватниот живот. Оваа приказна е напишана за сите возрасти, ќе ја прочитате за помалку од еден час, но нејзината исклучителна мудрост ќе ви трае цел живот. „Кој го здипли моето сирење“ е книга што ја користат мажи и жени во многу корпорации, државни институции, војската, во малите претпријатија, болниците, црквите и училиштата вклучувајќи ги и: Apple Computers, Dell Computers, Goodyear, HP, IBM, Kodak, Nestle, Pepsi, Proctor & Gamble, Shell, Time..
ден 200,00

распродадено

Креативноста на решавањето на проблемите – Брајан Трејси

Карактеристика на секоја исклучителна кариера е способноста за изнаоѓање на иновативни решенија за предизвиците во работата. Вештините за креативно размислување имаат клучно значење за вашиот професионален напредок. Како врвен светски експерт за успех, Брајан Трејси знае дека секој може да стане покреативен со употреба на неговите сознанија и искуства. Во оваа книга тој ни открива 21 докажани техники што можете да ги примените веднаш и да почнете да добивате исклучително продуктивни идеи. Дознајте како: • да ги стимулирате примарните поттикнувачи на креативноста • да користите нулта размислување, брејнсторминг, споредно размислување и групна техника за да ги решавате проблемите и да ја подобрите организацијата • да поставувате такви видови на прашања од кои ќе добиете умни решенија. Оваа книга ќе ви ја промени кариерата со тоа што ќе ве однесе до изворот на вашата интуитивна генијалност!
ден 250,00

распродадено

Лидер без титула – Робин Шарма

Повеќе од петнаесет години најуспешните компании и најбогатите луѓе на светот ја применуваат формулата на Робин Шарма - еден од најбараните гуруа на денешнината. Оваа формула сега ви е достапна и вам, преку вдахновените пораки за тајните на успехот и личната среќа. Книгата Лидер без титула ќе ве научи: Да бидете исклучителни во својата работа, без оглед на функцијата што ја имате Да ја искористите секоја шанса во тешките времиња Да изградите одличен тим и да станете продавач број 1 Да ги совладате тактиките за ментална стабилност и физичка снага Да се изборите со стресот, да размислувате позитивно, да ослободите енергија и да постигнете хармоничен живот Без оглед на позицијата што ја заземате во компанијата и на моменталните околности во својот приватен живот, не заборавајте дека поседувате моќ да станете лидер. Оваа книга ќе ве научи како да ја стекнете оваа моќ и да го измените не само својот живот туку и светот околу вас. Дајте го својот максимум! „Од калуѓерот што го продаде ферарито до лидер без титула, Робин Шарма нè води по вистинскиот пат. Врзете се и уживајте во возењето“. Кевин Робертс, Сачи & Сачи „Робин Шарма има ретка дарба да пишува книги што вистински им го менуваат животот на луѓето“. Ричард Карлсон „Лидер без титула е книга што ќе ви го измени животот. Прочитајте ја и подгответе се за неверојатна промена“. Њујорк тајмс
ден 380,00

Магијата на големите соништа – Дејвид Џ. Шварц

Поставете си високи цели...а потоа надминете ги! Над шест милиони луѓе низ светот си го подобрија животот со помош на Магијата на големите соништа. Д-р Дејвид Џ. Шварц, кој долго време го држи приматот на еден од најголемите експерти за мотивација, ќе ви помогне да продавате подобро, да менаџирате подобро, да заработувате повеќе и – што е најважно од сè – да најдете поголема среќа и душевен мир. Магијата на големите соништа ви нуди практични методи, а не само празни ветувања. Д-р Шварц ја открива својата внимателно разработена програма за да го извлечете максимумот од работата, од бракот и семејството, од социјалниот живот... Ви покажува дека не мора да бидете интелектуалец или да имате вроден талент за да постигнете успех и сатисфакција – но мора да ја разберете и да ја стекнете навиката на мислење и однесување што ќе ве одведат до врвот.
ден 450,00

распродадено