Книги

Cashback-store.com е онлајн продавница која е посветена за едукација и личен развој на Cashback Card Заедницата во Македонија, но и за сите оние кои сакаат да ја истражат нашата колекција на посебно одбрани книги кои со сигурност ќе Ви ги откријат тајните на успехот.

Книгите кои се изложени на сајтот се дел од најврвната светска колекција на книги за личен равој и се одличен избор за секој еден човек кој има желба да се посвети на личниот развој!

Покажи како Grid Лист
Сортирај по
Покажи по страна

Магијата на големите соништа – Дејвид Џ. Шварц

Поставете си високи цели...а потоа надминете ги! Над шест милиони луѓе низ светот си го подобрија животот со помош на Магијата на големите соништа. Д-р Дејвид Џ. Шварц, кој долго време го држи приматот на еден од најголемите експерти за мотивација, ќе ви помогне да продавате подобро, да менаџирате подобро, да заработувате повеќе и – што е најважно од сè – да најдете поголема среќа и душевен мир. Магијата на големите соништа ви нуди практични методи, а не само празни ветувања. Д-р Шварц ја открива својата внимателно разработена програма за да го извлечете максимумот од работата, од бракот и семејството, од социјалниот живот... Ви покажува дека не мора да бидете интелектуалец или да имате вроден талент за да постигнете успех и сатисфакција – но мора да ја разберете и да ја стекнете навиката на мислење и однесување што ќе ве одведат до врвот.
ден 450,00

распродадено

Меси: приказна за момчето што стана легенда - Лука Кајоли

El Pibe de Oro. Златното момче. Сенката на Диего Марадона циси на аргентинскиот и светскиот фудбал. Десетици фудбалски ѕвезди се именувани како негови наследници. Во 2007 година, редот конечно доаѓа и до Лионел Меси. Три години подоцна, Меси- El Pulga, Болвата- е веќе шампион на Европа и носител на златен олимписки медал, добитник на Златната топка на ФИФА со рекорден број гласови, херој на милиони ширум светот, можеби природно најталентираниот фудбалер што некогаш истрчал на зелените терени.. Овој пат новинарите се во право: фудбалскиот свет има свој нов Марадона. Можеби и подобар од Диего. Црпејќи информации од низа интервјуа и сведоштва (од родителите на Меси и неговиот брат, неговите блиски и далечни роднини, неговите први тренери и нивните големи наследници, како и за крај, самиот Меси), во прецизно насловената „Приказна за момчето што стана легенда”, познатиот спортски биограф Лука Кајоли дава динамичен, лесно читлив и живописен преглед на една фасцинантна кариера што од болникаво момче со хормонални проблеми ќе создаде блескава инспирација и уште посјајна фудбалска ѕвезда - веќе овековечена на сите спортски неба.
ден 300,00

Михаел Шумахер: Врвот на величественоста - Џејмс Ален

Можете да го сакате или да го мразите – но статистиката зборува во негово име: седумкратен Ф1-шампион, рекордна 91 гран-при победа, единствен возач во историјата што во една сезона (2002) не завршил ниту една трка под третото место. Накратко: уште пред четириесеттата година од својот живот, Михаел Шумахер е една од најголемите легенди на најбрзиот спорт. Во „Врвот на величественоста“, Џејмс Ален, некогашниот коментатор за Формула 1 на ITV и актуелен кореспондент за BBC News F1 и BBC Radio 5 Live, во ексклузивна соработка со најблиските соработници на Шумахер, ни ја открива двојната историја на создавањето на оваа легенда: онаа за благодарниот и хуман татко и пријател и онаа за екстра-талентираниот, препреден и суров шампион. Книгава е дополнета со разговор со авторот Џејмс Ален, направен специјално за ова издание и првпат објавен овде, на македонски јазик. Во моментот на печатење, македонското издание е најосовременетата биографија за Михаел Шумахер на кој и да е светски јазик.
ден 300,00

Моќта – Ронда Бирн

Ронда Бирн своето патување го започнува со филмот “Тајната” кој го видоа милиони луѓе ширум светот. Потоа следуваше книгата “Тајната” , светски бестселер досега преведен на 46 јазици. Сега со “Моќта” , Ронда Бирн ја продолжува нејзината револуционерна работа, откривајќи ни ја најголемата сила во нашиот универзум. СУДЕНО ТИ Е ДА ИМАШ НЕВЕРОЈАТЕН ЖИВОТ! Во оваа книга сакам да го покажам патот до неверојатен живот...Има толку многу нешта кои треба да ги откриеш за животот, и сите тие нешта се добри. Всушност, тие се и повеќе од добри. Феноменални се! Животот е многу полесен отколку што мислиш и кога ќе почнеш да разбираш како функционира животот и Моќта што ја имаш во себе, тогаш во целост ќе ја искусиш магијата на животот – и тогаш ќе имаш неверојатен живот! Сега, дозволи да започне магијата на Твојот живот. -извадок од моќта-
ден 400,00

Моќта на потсвеста – Џозеф Марфи

Еве го целосниот оригинален текст на прирачникот за самопомош продаден во милиони примероци ширум светот што ќе ви ја открие невидливата моќ да ја остварите секоја цел. Моќта на потсвеста, една од најомилените и најпродаваните инспиративни водичи на сите времиња, ви покажува како менувањето на вашиот начин на размислување може да доведе до драстично подобрување на вашиот живот. Со помош на практични, разбирливи техники и конкретни примери, д-р Џозеф Марфи ви го открива огромното влијание на потсвеста врз сите животни сфери: парите, односите, работата, среќата - и како да ја примените и да ја насочите нејзината моќ за да ги остварите своите цели и соништа. Оваа неверојатна книга веќе им помогна на читателите ширум светот да го постигнат навидум невозможното со самото учење како да ја контролираат неверојатната моќ на потсвеста. Сега и вие можете да ги научите овие моќни техники за да го смените својот живот, така што најнапред ќе ги смените своите верувања.
ден 380,00