Книги

Cashback-store.com е онлајн продавница која е посветена за едукација и личен развој на Cashback Card Заедницата во Македонија, но и за сите оние кои сакаат да ја истражат нашата колекција на посебно одбрани книги кои со сигурност ќе Ви ги откријат тајните на успехот.

Книгите кои се изложени на сајтот се дел од најврвната светска колекција на книги за личен равој и се одличен избор за секој еден човек кој има желба да се посвети на личниот развој!

Покажи како Grid Лист
Сортирај по
Покажи по страна

Тајни на презентирањето – Мартин Менсер

ТАЈНИТЕ НА ПРЕЗЕНТИРАЊЕТО ШТО ГИ КОРИСТАТ ЕКСПЕРТИТЕ И ВРВНИТЕ ПРОФЕСИОНАЛЦИ. Постигнете брзи резултати со овој едноставен водич низ основите на презентирањето Во оваа книга ќе откриете како: Да уживате во презентирањето и да му пријдете со самодоверба Да ја процените публиката и нејзините реакции Да подготвите максимално влијателни презентации Да ги користите гласот и телото за да ја објасните поентата Да користите визуелни помагала Да одговорите на секакви прашањата.
ден 250,00

распродадено

Тајни на продавањето – Ник Констабл

ТАЈНИтм НАПРЕДУВАЈТЕ СО ДОВЕРЛИВИТЕ ЗНАЕЊА ВО ОВАА КНИГА ТАЈНИТЕ НА ПРОДАВАЊЕТО ШТО ГИ УПОТРЕБУВААТ ЕКСПЕРТИТЕ И ВРВНИТЕ ПРОФЕСИОНАЛЦИ. Постигнете брзи резултати со овој брз и лесен водич низ основите на продавањето. Во оваа книга ќе откриете како: Да го презентирате својот производ за да одговара на потребите на вашиот клиент, Да го користите говорот на телото за да воспоставите блиски односи, Да преговарате и да склучите зделка, Да направите вашите клиенти да се враќаат кај вас, Да создадете одлични нови деловни односи.
ден 250,00

распродадено

Тајните на иновациите на Стив Џобс - Кармин Гало

Во неговиот потврден бестселер Тајните на презентирањето на Стив Џобс, авторот Кармин Гало прикажа една едноставна програма „чекор по чекор“ на моќни алатки и на докажани техники инспирирани од легендарните презентации на Стив Џобс. Овој пат тој ги споделува најпознатите, најоригиналните и најефективните стратегии на извршниот директор на Епл, кои ја будат вистинската креативност и иновација – на кое било работно место. „Инспиративен акционен план за секој што сака да го живее животот исполнет со страст и што има цел“ – Тони Хсеи, автор на Носејќи среќа и извршен директор на Zappos.com, Inc. „Стив Џобс ја пресоздаде музичката дистрибуција, мобилниот телефон и книгоиздавателството. Веројатно ќе сакате да дознаете како некој создава идеи вредни милијарди долари и како истите тие идеи ги претвора во производи вредни милијарди долари, а кои секој еден ги посакува и обожава. Оваа книга не е опција. Купете ја сега и претворете ја во пари утре“ – Џефри Гитомер, автор на Малата црвена книгичка за продажба „Во Тајните на иновацијата на Стив Џобс, Кармин Гало ни го предава вистинскиот начин на размислување на Стив Џобс и на Епл. Оваа книга не е само за луѓето во маркетингот и во технологијата, иако и тие ќе имаат корист од една таква проникливост во нивните светови. Наменета е за сите оние што имаат интерес во технологијата и сакаат да научат како да направат едноставни уреди што лесно се користат и може да влијаат врз нашите животи“ – Тим Бахарин, претседател на Креативни технологии инк.
ден 500,00

Управување со времето – Брајан Трејси

Вашиот успех најмногу зависи од способноста што ја имате за управување со времето. Едноставно е: колку подобро го користите времето толку повеќе ќе постигнете! Овој концизен водич открива 21 докажани техники за управување со времето, кои можете да ги употребите веднаш за да добиете барем два продуктивни часа на ден. Проучувајќи ги стратегиите што експертот Брајан Трејси ги идентификува како најефикасни и самиот ги употребува, оваа корисна книга ќе ви открие како можете: Да ги контролирате состаноците, имејловите, телефонските повици и безбројните прекини во работата Да го распределите времето на врвни приоритети Да работите на слични задачи за да го задржите фокусот Да го надминете одложувањето Да одредите кои работи може да ги заврши некој друг Да работите наназад од иднината, со цел да се осигурате дека сте ги исполниле целите Исполнета со мудроста на Брајан Трејси и лесна за примена, оваа книга ќе ви помогне да постигнете повеќе за помалку време и со многу помал стрес.
ден 250,00

распродадено

Цели – Брајан Трејси

Базирана на дваесетгодишното истражување и предавања на повеќе од 5 милиони бизнис-лидери ширум светот, оваа книга е синтеза на најдобрите и најпрактичните техники за поставување и постигнување на личните и финансиските цели. Трејси, со консултантско искуство во повеќе од 500 корпорации, меѓу кои IBM, Ford, Xerox, и Hewlett-Packard, ги објаснува клучните елементи за поставување на цели и неопходните чекори за нивно остварување. Своите извонредни размислувања, Трејси ги преточува во практични чекори за иницијатива.
ден 400,00